Анчелоти: Навистина не е лесно да се биде Винисиус

January 5, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Анчелоти: Навистина не е лесно да се биде Винисиус

Реал Мадрид во петокот повторно покажа дека никогаш не треба да се отпишува на фудбалските терени, обезбедувајќи драматична победа во натпревар кој изгледаше загубен. Валенсија поведе со 1:0 уште во првото полувреме и во последните 10 минути влезе со минимална предност. Но, кога се чинеше дека триумфот им е на дофат, особено по исклучувањето на Винисиус Жуниор, Реал направи пресврт благодарение на Лука Модриќ и Џуд Белингам. Сепак, клубот сега се соочува со можната казна за Винисиус Жуниор поради неговата агресија во дуелот со Столе Димитриевски. Според правилата, тој може да добие суспензија од 4 до 12 натпревари. Реал веќе достави жалба, надевајќи се дека ќе ја намалат санкцијата. Тренерот Карло Анчелоти зборуваше за овој инцидент пред дуелот со Депортива Минера во Купот, истакнувајќи дека ситуацијата не заслужувала исклучување: „Инцидентот не беше за црвен картон, требаше да добие само жолт. Очекуваме да не биде казнет со повеќе натпревари. Навистина е тешко да се биде Винисиус, не можам да замислам како му е во таа улога“, вели Анчелоти. Тој истакна дека Бразилецот често се соочува со провокации и навреди, но се труди да напредува: „Винисиус е тажен поради исклучувањето и ни се извини. Сепак, сега гледаме напред со позитивни мисли и ќе се фокусираме на следните предизвици“, додаде тој.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.