January 30, 2025 | | Свет
Реал Мадрид ја заврши основната фаза од Лигата на шампионите со убедлива победа од 0-3 против Брест, но тоа не беше доволно за „Кралевите“ да се пласираат меѓу најдобрите осум. Ова значи дека сега ризикуваат дуел против Манчестер Сити во елиминациската фаза, тим со кој се сретнуваа во последните три изданија на турнирот.
„Ждрепката е пред нас, а што ќе се случи – ќе се случи. За да ја освоиш Лигата на шампионите, мора да победиш во секој натпревар“, истакна тренерот Карло Анчелоти.Иако тимот не успеа да избегне потенцијален тежок противник, Анчелоти беше задоволен од изданието на неговите фудбалери.
„Игравме покомпактно, поефикасно и добро во одбраната. Ова е добар момент за тимот и мора да продолжиме во истиот дух,“ вели Анчелоти.Тој исто така се осврна и на индивидуалните настапи, посебно истакнувајќи го Родриго.
„Родриго е одличен, како и останатите. Тој постигнува многу голови, но ние имаме голем потенцијал во нападот. Тимот игра добар фудбал.“Анчелоти не ја криеше загриженоста за згуснатиот распоред каде индиректно призна дека не му се допаѓа новиот формат на Лигата на шампиони поради преголемиот број на натпревари.
„Премногу натпревари. Премногу одиграни средби. Треба да ги намалиме, а не да додаваме нови“, рече тој.Сега, „Кралевите“ со нетрпение го очекуваат исходот од ждрепката, која ќе одреди дали ќе мораат уште во првата елиминациска рунда да се соочат со актуелниот европски шампион, Манчестер Сити.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |