Анчелоти не е сигурен колку време ќе можат да играат двете звезди против Аталанта

December 9, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Анчелоти не е сигурен колку време ќе можат да играат двете звезди против Аталанта

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, откри дека ќе донесе последна одлука во однос на тоа колкаво ќе биде учеството на Винисиус Жуниор и Родриго на утрешниот натпревар против Аталанта во Лигата на шампионите. Анчелоти призна дека шансите на неговиот тим за пласман во топ 8 се минимални, но истакна дека ќе се бори до последен момент. Реал Мадрид ја започна новата сезона во Лигата на шампионите со разочарувачки резултати и моментално се наоѓа на 24-то место, што е последното место што води во плеј-офот. Со уште три натпревари до крајот на групната фаза, „кралевите“ се наоѓаат пред тешката задача да се носат со Аталанта, што ќе биде клучен меч за нивните шанси да го продолжат патувањето во европскиот клубски шампионат. „Утрешниот натпревар е многу важен, но вреди само три бода. Ќе биде тешко да се пласираме во топ 8, и за жал ќе мора да играме една додатна рунда за пласман во осминафинале. Имам целосна доверба во моите играчи, забележавме напредок и сме во добра форма“. Што се однесува до утрешниот натпревар, имам сомнежи само околу двајца фудбалери. После последниот тренинг ќе одлучиме каква ќе биде инволвираноста на Винисиус Жуниор и Родриго. Белингем е 100% фит и тој ќе игра“, изјави Анчелоти.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.