Анчелоти: Не ми е гајле за Барселона, но не сме среќни!

August 31, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Анчелоти: Не ми е гајле за Барселона, но не сме среќни!

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти изјави дека воопшто не е загрижен поради негативата на табелата и поради лошата форма на својот тим. Реал Мадрид засега има пет бода во првите три натпревари каде ремизираа со Мајорка и Лас Палмас. „Не сме среќни, но не поради четирите бода заостанување, туку затоа што не игравме добро. Сезоната е долга и оваа разлика не значи ништо, сигурно дека ќе се бориме до крајот“, рече Анчелоти. Реал Мадрид утре ќе се сретне со Бетис 21:30 часот, а Барселона може да направи дополнителен притисок ако успее да победи денеска против Ваљадолид.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.