Анчелоти немал никаков план за реваншот против Арсенал, играчите разочарани

April 17, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Анчелоти немал никаков план за реваншот против Арсенал, играчите разочарани

По елиминацијата од Лигата на шампионите, атмосферата во Реал Мадрид дополнително се влошува. Според шпанскиот медиум „Релево“, дел од фудбалерите на „кралскиот клуб“ изразиле незадоволство од тренерот Карло Анчелоти, тврдејќи дека стратегот немал јасен план за реваншот против Арсенал. Првиот пораз со 3:0 на „Емирати“ создаде сериозна тензичност, а новата победа на англискиот тим со 2:1 на „Сантијаго Бернабеу“ само ја продлабочи кризата. Наводно, фудбалерите биле незадоволни од подготовката и тактичкиот пристап на Анчелоти, за кого сметаат дека се потпирал само на „интензитет“ и „посветеност“ како главни адути во обидот за пресврт. Незадоволството било директно пренесено и до претседателот Флорентино Перез. Според истите извори, дел од тимот смета дека Анчелоти повеќе не е вистинскиот човек за да го води Реал Мадрид во иднина. Сега на потег е управата на клубот, а според неофицијални информации, исходот од финалето на Купот на кралот против Барселона кое е закажано за десет дена би можел да биде одлучувачки за иднината на италијанскиот стручњак.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.