September 13, 2024 | | Свет
Карло Анчелоти денеска потврди дека Белингем и Чуамени се опоравени од своите повреди и дека се вратиле на тренинзите, но дека барем во наредните два натпревари нема да играат. Ова значи дека тие нема да настапат на дуелите против Реал Сосиедад во Ла Лига, како и дуелот со Штутгарт во Лигата на шампионите. „Чуамени и Џуд Белингем се вратија на тренинг, но нема да ризикуваме утре. Ќе видиме дали ќе бидат подготвени за следното коло“, рече Анчелоти. Постојат одредени шанси да бидат спремни за дуелот со Штутгарт, барем според шпанските медиуми, но тоа ќе зависи како тие двајца ќе се покажат на тренинзите.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |