April 24, 2025 | | Свет
Реал Мадрид не отстапува од тесниот пат кон одбраната на титулата во Ла Лига со трет последователен триумф од 0-1, синоќа на гости кај Хетафе, „кралскиот клуб“ се задржа во трка и се доближи на само четири бодови зад водечката Барселона. Но, вистинската фудбалска драма допрва следи. Веќе овој викенд на програмата е ново „Ел Класико“, овојпат во финалето на Купот на Шпанија. Големото дерби ветува напнатост, а Реал влегува со кадровски проблеми во пресрет на овој дуел. Карло Анчелоти, во најавата за мечот, потврди дека на левата бековска позиција располага само со Фран Гарсија, откако Камавинга и Алаба отпаднаа поради мускулни повреди. „Тие нема да бидат во составот за сабота,“ рече Италијанецот, додавајќи дека ситуацијата е далеку од идеална. Во однос на фаворитската улога, Анчелоти остана резервиран. „Ова е дерби. Во вакви натпревари нема фаворити, сè е можно. Среќен сум што ја завршивме работата против Хетафе и освоивме многу важни бодови.“ Тој не заборави да го пофали и младата ѕвезда Арда Ѓулер, кој повторно беше херој со својот гол: „Арда блесна. Верувам дека неговото природно место е во средниот ред, таму може да даде најмногу.“ Каталонците, пак, со сигурност ќе сакаат да го повторат успехот од Суперкупот, кога славеа со високи 5-2.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |