August 3, 2024 | | Свет
Последниот период се повеќе се пишува за тоа кога би можел Анчелоти да замине од клупата на Реал Мадрид, како и за тоа дали токму овој клуб ќе му биде последен во кариерата. Многумина очекуваа уште сезонава Чаби Алонсо да го замени, но Анчелоти реши да го продолжи договорот. Тој веќе има 65 години и полека се ближи крајот на неговата тренерска кариера. „Мислам дека Реал ќе биде мојот последен клуб. Ако има можност за репрезентација, не знам. Не сум толку возбуден да тренирам репрезентација бидејќи би го изгубил она што најмногу ми се допаѓа, секојдневна работа. Навистина уживам во тоа што го работам. Ова е мојата сезона број 29 како тренер. Вистина е дека имам освоено многу, но замислете колку титули сум ги загубил“, вели Анчелоти.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |