January 23, 2025 | | Свет
Реал Мадрид продолжува да ја подобрува формата во Лигата на шампионите со убедлива победа над Ред Бул Салцбург (5:1). И покрај добрата форма, „кралевите“ се соочуваат со минимални и теоретски шанси за пласман во Топ 8, според новиот формат на натпреварувањето. Карло Анчелоти, стратегот на Реал, веќе е свесен дека неговиот тим најверојатно ќе мора да игра бараж за пласман во осминафиналето. Во оваа фаза ќе се најдат сите тимови кои завршуваат меѓу 9-то и 24-то место. Иако тие натпревари се неминовни, Анчелоти има јасна визија кого сака да избегне. Манчестер Сити, иако моментално е надвор од зоната која гарантира бараж, може да ја поправи својата позиција со победа во последното коло. Сепак, „граѓаните“ остануваат потенцијално тежок противник.
„Би било одлично доколку Манчестер Сити не се најде на нашиот пат толку рано. Без разлика на моменталната форма, тие сè уште се сериозен фаворит за освојување на Лигата на шампионите“, изјави Анчелоти, изразувајќи ја својата желба да избегне еден од најопасните тимови во оваа фаза.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |