Анчелоти планира да ја промени формацијата: Едната ѕвезда ќе биде жртва!

September 19, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Анчелоти планира да ја промени формацијата: Едната ѕвезда ќе биде жртва!

Реал Мадрид засега бележи солидни резултати, иако играта воопшто не е на високо ниво каде натпреварите се победуваат на „мускули“. Се измачија и против Штутгарт во првото коло од Лигата на шампионите, а играта не е уверлива и во Ла Лига. Како што пренесува „Marca“, тренерот Анчелоти планира да направи одредени промени во системот каде ќе игра со двајца напаѓачи и четворица играчи во средниот ред, исто како што играше минатата сезона. Средниот ред лани беше во форма на дијамант каде Белингем играше веднаш позади Винисиус и Родриго, а истото се планира и сега. Во средниот ред ќе играат  Белингем, Камавинга, Чуамени и Валверде, во нападот најверојатно ќе бидат Винисиус и Мбапе, а Родриго ќе се пресели на клупата.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.