Анчелоти: Последен пат кога загубивме со 0-4 од Барселона, ги освоивме Ла Лига и ЛШ!

October 27, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Анчелоти: Последен пат кога загубивме со 0-4 од Барселона, ги освоивме Ла Лига и ЛШ!

Барселона го прегази Реал Мадрид со 4-0 во првото лигашко „Ел Класико“ сезонава и сега Каталонците имаат предност од шест бода. За Анчелоти, овој пораз не мора ништо да значи бидејќи и претходно се има случено вакво нешто. „Последен пат кога загубивме со 0-4 од Барселона, ги освоивме Ла Лига и Лигата на шампиони“, рече Анчелоти. Со оваа изјава Италијанецот мислеше на поразот од 20 март 2022 година и токму истата сезона Реал беше шампион во Шпанија, како и европски шампион.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.