February 25, 2025 | | Свет
Полуфиналниот натпревар од Кралскиот Куп на Шпанија помеѓу Реал Мадрид и Реал Сосиедад ќе се одигра утре со почеток во 21:30 часот, додека реваншот е закажан за 1 април на „Сантијаго Бернабеу“. Тренерот на Реал, Карло Анчелоти, денеска одржа официјална прес-конференција, каде што не зборуваше само за претстојниот меч, туку и за актуелните случувања околу клубот. „Секогаш било тешко да се игра против Реал Сосиедад. Ова е полуфинале, значаен натпревар за двете екипи. Очекувам израмнет и возбудлив меч, бидејќи нашиот противник прикажува квалитетен фудбал, а ние сакаме да ја задржиме нашата форма. Мбапе ќе патува со нас и ќе биде дел од составот,“ изјави Анчелоти. Покрај анализата на дуелот, италијанскиот стратег се осврна и на нападите од страна на федерацијата кон Реал, како и на изјавата на претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, кој ги нарече „кралевите“ – „плачковци“. „Тебас премногу зборува за Реал Мадрид. Од моето доаѓање во клубот, не покажал почит кон многу навивачи на Реал со неговите коментари. Наместо тоа, треба да се фокусира на решавање на проблемите во шпанскиот фудбал. Ако рекол дека му е срам што е навивач на Реал Мадрид, не знам колку тоа е вистина. Јас верувам дека сите се горди што му припаѓаат на овој клуб,“ заклучи Анчелоти.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |