Анчелоти се скара со новинар поради прашање за Мбапе

November 23, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Анчелоти се скара со новинар поради прашање за Мбапе

Карло Анчелоти беше запрашан од новинар за менталното здравје на Килијан Мбапе на последната прес-конференција на клубот пред натпреварот против Леганес. Италијанецот му даде до знаење на новинарот дека не му се допаѓа прашањето. „Неговата лоша низа се случила на сите големи напаѓачи, но не постои „случај Мбапе“. Го гледам среќен мотивиран и убеден дека утре ќе одигра добар натпревар. Неговите квалитети се извонредни. Никогаш не барал од мене некој посебен услов. Тој и Винисиус немаат фиксни улоги и можат меѓусебно да ги менуваат позициите. Какво е тоа прашање! Не е во ред да се шпекулира со такви работи…навистина грдо прашање!“, му одговори Анчелоти на новинарот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.