February 10, 2025 | | Свет
Карло Анчелоти е свесен дека неговиот тим го чека исклучително тежок предизвик во дуелот со Манчестер Сити во 1/16 финалето од Лигата на шампионите. Ждрепката ги спои двата фудбалски гиганти уште во плеј-офот, иако нивната форма во првиот дел од сезоната не беше на највисоко ниво. Особено тоа важи за „граѓаните“, кои завршија на 22. позиција. „Ова ќе биде натпревар за паметење, вистинска класика. Тешко е да се предвиди исходот, бидејќи многу ќе зависи од индивидуалниот квалитет, карактерот и желбата на играчите. Манчестер Сити останува тим со врвни фудбалери и еден од најдобрите тренери во светот. Пеп Гвардиола низ годините воведе многу иновации во фудбалот, а ссекогаш кога треба да играм против него ме боли глава и имам кошмари затоа што морам да мислам буквално на се и на секој детал. Изненадувачки е што се среќаваме толку рано, бидејќи ова можеше да биде полуфинален или финален дуел. Сепак, самите сме виновни за позицијата во која се најдовме, а не УЕФА“, изјави Анчелоти. Натпреварот меѓу Реал и Манчестер Сити е закажан за 21:00 часот.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |