September 15, 2024 | | Свет
Реал Мадрид имаше многу среќа против Реал Сосиедад бидејќи домаќинот имаше многу шанси каде погодија неколку стативи и пречки. По натпреварот, тренерот на Реал Карло Анчелоти беше запрашан што мисли за натпреварот. „Натпреварот испадна тежок, веројатно не заслуживме ниту да победиме бидејќи Сосиедад одигра многу добро. Моравме да се жртвуваме во тешки времиња и го ценам тоа. Слабо го започнавме натпреварот, противниците одлично притискаа на нашата половина, но секогаш успевавме да најдеме слободен играч. Не сме 100% подготвени, но индивидуално играчите значително се подобруваат. Јас сум многу задоволен, но само од резултатот. Критиките за играта ќе дојдат подоцна, сега се важни трите бода“, изјави Анчелоти. Во следното коло Реал Мадрид ќе го дочека Еспањол.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |