Анчелоти влезе во кавга со син му поради Модриќ

October 17, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Анчелоти влезе во кавга со син му поради Модриќ

Како што пренесува „Marca“, Карло Анчелоти влегол во конфликт со неговиот син и асистент Давиде поради една дилема во средниот ред. Една од централните точки на оваа внатрешна дебата била Арда Ѓулер. Токму Давиде е желен да го види Ѓулер да игра позначајна улога и верува дека Турчинот го заслужува стартното место, но ентузијазмот на помладиот Анчелоти за вклучување на играчот наиде на отпор од неговиот татко, бидејќи менаџерот не е убеден дека 19-годишниот фудбалер е подготвен да игра редовно во првиот состав. Анчелоти е загрижен поради повремениот недостаток на влијание на Ѓулер и преферира да продолжи со Модриќ. Ѓулер се заканил дека ќе си замине веќе во јануари, но ни тоа не може да го натера Карло Анчелоти да ја смени својата одлука.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.