April 17, 2025 | | Свет
Карло Анчелоти се наоѓа на излезна врата од Реал Мадрид, завршувајќи го својот втор мандат на клупата на „кралскиот клуб“. Според информации од „Скај Спортс“, искусниот стратег ќе го напушти клубот по финалето од Купот на Кралот против Барселона, закажано за 26 април. По елиминацијата од Лигата на шампионите од страна на Арсенал, претседателот Флорентино Перез сериозно размислува за промена на тренерската позиција. Според него, време е за нова енергија и свеж пристап во водството на тимот. Иако се уште нема официјална потврда дали Анчелоти дефинитивно ќе си замине по финалето, особено ако Реал победи, сепак сè повеќе сигнали укажуваат на крај на неговата ера. „Скај Спорт“ во својата анализа нагласува дека „циклусот е завршен“, и покрај тоа што Анчелоти во последните три години донесе два трофеи од Лигата на шампионите (2022, 2024), како и две титули во Ла Лига. Во исто време, германскиот „Билд“ објави дека Чаби Алонсо постигнал договор да го напушти Баер Леверкузен летово, под услов да се исплати отштета од најмалку 10 милиони евра. Ова дополнително ги засилува шпекулациите дека токму тој ќе го наследи Анчелоти во Реал Мадрид. Поранешниот играч на Реал, кој веќе го одби интересот од Ливерпул и Баерн Минхен минатото лето, наводно од самиот почеток ја имал целта да се врати во Мадрид, овој пат како тренер. Ако сè оди според планот, Карло Анчелоти ќе се прости со Реал по финалниот натпревар, оставајќи зад себе период исполнет со успеси и трофеи, каков што малкумина може да се пофалат во историјата на клубот.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |