Анчелоти заминува од Реал, веќе си нашол нова работа

April 27, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Анчелоти заминува од Реал, веќе си нашол нова работа

Реал Мадрид оваа сезона веројатно ќе остане без ниту еден трофеј. По елиминацијата од Лигата на шампионите и поразот од Барселона во финалето на Купот на кралот, „кралевите“ се далеку и од титулата во Ла Лига, каде што Каталонците се во водство. Слабата сезона најверојатно ќе значи и крај за Карло Анчелоти на клупата на Реал, иако неговиот договор важи уште една година. Според шпанскиот медиум Релево, веќе е познато каде ќе ја продолжи својата кариера. Имено, легендарниот Италијанец станува нов селектор на Бразил. „Претставник на Фудбалскиот сојуз на Бразил е во Севиља. Ќе разговара со Карло Анчелоти за да ги завршат деталите околу преземањето на оваа репрезентација. Договорот е постигнат“, објави Релево.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.