March 2, 2025 | | Свет
Реал Мадрид доживеа неочекуван пораз на гостувањето кај Бетис (2-1) на „Бенито Виљамарин“, а тоа предизвика сериозна анализа од тренерот Карло Анчелоти. Италијанскиот стратег искрено призна дека неговиот тим не го одигра мечот на посакуваното ниво и заслужено беше поразен. Според него, ваков пристап не смее да се повтори против Атлетико во Лигата на шампионите. „Започнавме добро, но потоа ја изгубивме посветеноста и контрола над мечот. Нашиот противник беше подобар и заслужено нè совлада. Ова е сериозен удар и мора да реагираме. Немаме кого да обвинуваме освен самите себе. Во првото полувреме изгубивме 27 топки, што му овозможи на Бетис да се врати во игра,“ истакна Анчелоти. Тој предупреди дека доколку Реал игра на ист начин против Атлетико во Лигата на шампионите, шансите за успех ќе бидат минимални. „Се надевам дека овој пораз ќе ни послужи како будење,“ додаде тренерот. Нема време за одмор за „кралевите“, бидејќи веќе во вторник ги чека градското дерби во елитното европско натпреварување.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |