April 24, 2025 | | Свет
Карло Анчелоти, тренерот на Реал Мадрид, не беше воодушевен од однесувањето на младиот бразилски талент Ендрик по синоќешната минимална победа од 0-1 против Хетафе. И покрај трите важни бода кои ги одржаа „кралевите“ во трката за титулата со Барселона, Италијанецот не пропушти да го искритикува напаѓачот за, како што рече, непотребен театар на теренот. Ендрик имаше две шанси да се запише во листата на стрелци, но не успеа да реализира. Првата можност ја одигра како што треба – коректно, но без среќа. Втората, пак, беше онаа што ја прелеа чашата кај Анчелоти. „Имаше ситуација еден на еден со голманот и наместо да реагира едноставно и прецизно, се обиде да го лобува од 16 метри, тоа не се прави. На тој начин само му ја врати топката на голманот Сорија.“ Италијанецот не криеше дека потегот го изнервирал, па веднаш по промашувањето реши да го замени Ендрик со Џуд Белингем „Млад е, ќе научи. Но мора да сфати, ова не е натпревар за шоу, туку за резултат. Такви трикови не смеат да се случуваат, посебно кога се игра за титула.“ Иако критиките беа отворени, Анчелоти сепак остави простор за надеж, нагласувајќи дека Ендрик има потенцијал, но мора да научи да размислува како тимски играч, а не како шоумен.
ENDRICK WHAT ARE YOU DOING? WHY SHOOT LIKE THAT? pic.twitter.com/c7ixDQ6tXV
— @thedesigner (@heyJudemeow) April 23, 2025
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |