Андонова постигна атрактивен гол против Реал Мадрид (ВИДЕО)

April 26, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Андонова постигна атрактивен гол против Реал Мадрид (ВИДЕО)

Наташа Андонова уште еднаш ја потврди својата класа, со спектакуларен погодок од работ на шеснаесетникот кој донесе израмнување на 3-3 за Мадрид ЦФФ против моќниот Реал Мадрид во градското дерби. Со прецизен удар што ја остави без шанса голманката на „кралиците“, нашата репрезентативка внесе голема доза на неизвесност во натпреварот. Но, токму кога изгледаше дека Мадрид ЦФФ може да направи целосен пресврт, Реал го притисна гасот. Во драматичната завршница, „белата машинерија“ проработи со полна сила и постигна уште четири гола, освојувајќи ја победата со убедливи 7-3.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.