Англичаните бесни: Фрлаа со чаши по Саутгејт (ВИДЕО)

June 26, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Англичаните бесни: Фрлаа со чаши по Саутгејт (ВИДЕО)

Англија и покрај слабата игра која ја покажа досега, успеа како лидер на табелата да се пласира во нокаут фазата на Европското првенство. И во последниот натпревар од групната фаза тие одиграа очајно и не успеаа да ја победат Словенија. За тоа што мислат англиските навивачи, сведочи и атмосферата по завршувањето на вчерашниот натпревар кога Саутгејт и фудбалерите отидоа во делот каде се нивните навивачи за да се поздрават со нив, но тие открија што мислат за моменталната игра на селекцијата. Додека фудбалерите стоеа на страна од Саутгејт, во моментов кога тој се поздравуваше со фановите, беа фрлени неколку чаши како доказ за големото незадоволство на навивачите. Следуваат клучните натпревари, а Англија ќе мора да ја подобри играта ако сака до крај да се бори за освојување на првенството.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.