Англичаните си добија ќотек од Холанѓаните среде Дортмунд! (ВИДЕО)

July 10, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Англичаните си добија ќотек од Холанѓаните среде Дортмунд! (ВИДЕО)

Со почеток од 21 часот Холандија и Англија го играат второто полуфинале откако Шпанија веќе се пласираше во финалето. Но, на социјалните мрежи излегоа видеа во однос на тоа каква е атмосферата во Дортмунд пред вечерашниот дуел. Навивачите на Холандија ги нападнаа Англичаните кои седеле во еден бар, а притоа летаа столчиња и шишиња на сите страни. Англичаните се повлекоа во барот и се обидоа да се спасат, но Холанѓаните беа агресивни и ги натепаат англиските навивачи.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.