Англија ја декласираше Ирска со пет гола, Халанд ја носи Норвешка понатаму! (ВИДЕО)

November 17, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Англија ја декласираше Ирска со пет гола, Халанд ја носи Норвешка понатаму! (ВИДЕО)

Англија ја потопи Ирска со 5-0 на „Вембли“ и така го освои првото место во групата 2 од Лига Б. Ова значи дека Англичаните се враќаат во елитната дивизија од Лигата на нации. Во првиот дел немаше голови, а потоа Англија се „распука“. Кејн погоди од пенал во 53. минута, три минути подоцна Гордон зголеми на 2-0, а стрелци беа уште Конор Галахер, Џерод Боувен и Тејлор Харвуд-Белис. Славеше и Норвешка со 5-0 против Казахстан. Ерлинг Халанд постигна хет-трик, а стрелци беа и Александер Сорлот и Антонио Нуса.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.