July 3, 2024 | | Свет
Во петок започнува четвртфиналето на Европското првенство каде најпрво ќе се сретнат Шпанија и Германија, а истиот ден подоцна ќе се соочат Франција и Португалија.
Вториот ден, во сабота, Англија ќе се соочи со Швајцарија и Холандија оди на мегдан со Турција.
Останаа уште осум селекции, но кој во моментов е фаворит?
Имено, Opta цело време стоеше на ставот дека Англија е фаворит според нивни одредени анализи, но за прв пат го променија ставот.
Сега тие сметаат дека најголеми шанси за освојување има Шпанија со 19,48 отсто, Англија падна втора со 18,98 отсто, Франција е трета со 18,18 отсто, Германија четврта со 17,15 отсто, а Холандија ја затвара топ пет листата со 9,98 отсто.
Последните три места ги заземаат Португалија со 7,64 отсто, Швајцарија со 5,10 отсто и на последно место е Турција со 3,49 отсто.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |