Англиската ѕвезда нема пробано пиво: Ако го освоиме ЕП тоа ќе ми биде првпат да пробам!

July 12, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Англиската ѕвезда нема пробано пиво: Ако го освоиме ЕП тоа ќе ми биде првпат да пробам!

Ѕвездата на Арсенал Деклан Рајс тврди дека во животот никогаш нема пробано пиво, барем не класично пиво. Иако за некои е чудно, тој вели дека го мрази мирисот на пивото, но и дека првпат ќе се напие пиво во неговиот живот ако неговата селекција успее да го освои Европското првенство кое се игра во недела против Шпанија со почеток од 21:00 часот. Минатото Европско првенство Рајс го даде истото ветување, но тогаш не успеаа да го освојат турнирот. Можеби сега е шанса за тоа.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.