January 25, 2025 | | Свет
Кајл Вокер вчера официјално стана дел од тимот на Милан, изненадувајќи со својот избор на дресот со број 32. Доцна синоќа „росонерите“ го претставија Вокер како првото засилување за овој преоден рок. Десниот бек доаѓа на позајмица од Манчестер Сити, со можност за трајно откупување на неговиот договор во текот на летото. Инспириран од Бекам, кој во своите две авантури во „црвено-црниот“ дрес исто така го носеше бројот 32, Вокер се одлучи да продолжи со оваа традиција.
„Го избрав овој број како почит кон еден од најголемите играчи во историјата на нашата земја,“ изјави Англичанецот.Овој број, како што самиот објасни, го избра во чест на легендарниот Дејвид Бекам, кого го смета за вистинска икона на англискиот фудбал.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |