April 19, 2025 | | Свет
Младиот дефанзивец Дин Хујсен блеска оваа сезона во дресот на Бормут и сосема заслужено го привлече вниманието на неколку гиганти од Премиер лигата. Со само 19 години, Хујсен покажува зрелост и сигурност во одбраната што ретко се гледа кај играчи на неговата возраст. Ваквите настапи не останаа незабележани, па според извори од Островот, за неговиот потпис се борат четири премиерлигаши, а тоа се Ливерпул, Челси, Манчестер Јунајтед и Тотенхем. Бормут, сепак, нема намера лесно да се откаже од својот скапоцен адут. Во договорот на Хујсен стои откупна клаузула од 58 милиони евра и клубот јасно ставил до знаење дека нема да прифати понуда под таа сума. Пред Бормут е интересно лето каде ќе се обиде да го задржи својот бисер, но во исто време ќе биде под силен притисок од европските гиганти кои се подготвени длабоко да посегнат во џебот за да го обезбедат неговиот потпис.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |