Анри го објасни проблемот кој Реал го има во нападот (ВИДЕО)

November 6, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Анри го објасни проблемот кој Реал го има во нападот (ВИДЕО)

Тиери Анри е еден од експертите заедно со Џејми Карагер и Мајка Ричардс во „CBS Sport Golazo“. Овие тројца се задолжени само за натпреварите на Лигата на шампионите, а токму по поразот на Реал Мадрид против Милан, тие ги дискутираа проблемите кои Реал ги има. Анри направи анализа токму од овој натпревар и го посочи проблемот на „кралевите“ во нападот. „Мбапе моментално ја игра позицијата „деветка“ во тимот, но тој сепак игра премногу повлечено и не се уфрла од втор план. Белингем е оној кој го прави тоа, а не Мбапе. Можеби на него тоа не му се допаѓа тоа, но тој игра на таа позиција и мора да го прави тоа. Така не може да се победува. Анчелоти е оној кој ќе мора да направи баланс во тимот“, рече Анри.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.