Анри објасни зошто Халанд и Мбапе не се споредуваат

February 12, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Анри објасни зошто Халанд и Мбапе не се споредуваат

Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд повторно се најдоа во директен дуел на најголемата фудбалска сцена, но иако Норвежанецот постигна повеќе голови, Французинот беше тој кој на крајот се радуваше на победата. Реал Мадрид направи пресврт во последните 10 минути на „Итихад“ и стигна до голема победа пред реваншот во Мадрид. Дуелот меѓу двете ѕвезди беше една од главните теми во студиото на „Си-Би-Ес“. Тјери Анри започна интересна дебата, нагласувајќи дека Мбапе и Халанд не ги оправдале очекувањата од пред неколку години, кога се очекуваше тие да бидат наследниците на Меси и Роналдо. „Сите мислевме дека тие двајца ќе доминираат како што тоа го правеа Меси и Роналдо, но наместо тоа, сè уште се поставуваат прашања за нивната улога во тимовите. Статистиката им е извонредна, но дали навистина се најдобрите?“, рече Анри. Според него, оваа дебата ќе трае уште долго, бидејќи некои ќе го изберат Мбапе, други Винисиус, а некои ќе веруваат во потенцијалот на Ламин Јамал. Кога беше запрашан кого би избрал, Анри немаше дилема: „Мбапе, секој ден! Поради тоа што го нуди на теренот, може да игра десно, лево и во центарот. Халанд е фантастичен напаѓач, но дали може да игра на друга позиција освен како класична „деветка“?“, заклучи Анри.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.