April 20, 2025 | | Свет
Ансу Фати, некогашната голема надеж на Барселона и играч кој беше нарекуван наследник на Меси, очигледно повеќе не е дел од плановите на Ханси Флик. На натпреварот против Селта Виго, иако изгледаше дека конечно ќе добие шанса поради одморот на неколку стартери, повторно не влезе во игра. Ситуацијата со Фати стана уште поинтересна кога се дозна дека на првиот четвртфинален меч со Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите, во игра влегол по инсистирање на Ламин Јамал. Тоа беа неговите единствени пет минути на теренот во последните три месеци. Иако се загреваше долго време и беше еден од кандидатите да го засили нападот, тренерот сепак реши да не го искористи. Разочаран од таквиот третман, Фати бурно реагираше. Шпанецот прво фрли предмети во близина, меѓу кои и мини-фрижидер, а потоа нервозно се врати на клупата. Сите знаци укажуваат дека летниот преоден рок ќе биде пресуден за неговата иднина, бидејќи со ваков статус во тимот, останувањето на „Камп Ноу“ изгледа како невозможна мисија. За ваквата ситуација виновен е самиот Фати кој своевремено не прифати да го оперира коленото, туку одбра конзервативен третман каде цело време ја влечеше истата повреда, па со тоа изгуби на ритам и квалитет.
🎥 VIDEO: Ansu Fati kicked a box in anger after Flick made him warm-up and then called him back to the bench without subbing him on. #fcblive 👀 pic.twitter.com/MXLFSP4tLV
— BarçaTimes (@BarcaTimes) April 19, 2025
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |