Антонио Конте испиша историја – Скудето со трет различен клуб!

May 24, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Антонио Конте испиша историја – Скудето со трет различен клуб!

Антонио Конте уште еднаш покажа зошто важи за еден од најдобрите италијански тренери во модерниот фудбал. Иако со минимални изгледи на почетокот од сезоната, тој успеа да го предводи Наполи до шампионската титула во Серија А, со што се запиша во историјата како стратег кој го освои Скудетото со три различни клуба. Со оваа титула, Конте стигна до петтото Скудето во својата тренерска кариера. Претходно, тој трипати беше шампион со Јувентус (2012, 2013 и 2014), а еднаш со Интер (2021). Сега, на списокот ја додава и титулата со Наполи, со што влезе во елитното друштво на тренери со ваков успех во италијанскиот фудбал. Во сезоната која многумина ја сметаа за преодна за Наполи, Конте успеа да изгради компактна и борбена екипа, која со стабилни настапи и клучни победи во финишот на првенството успеа да ја надмине конкуренцијата и на крајот заслужено да се круниса како шампион. Оваа титула е посебна не само за Наполи, туку и за самиот Конте, кој потврди дека каде и да оди – остава печат и носи трофеи.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.