Араухо и официјално го продолжи договорот до 2031 година!

January 23, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Араухо и официјално го продолжи договорот до 2031 година!

Барселона и официјално потврди дека Роналд Араухо го продолжи договорот и тоа до 2031 година. Иако играчот силно изразуваше желба да замине и да премине во Јувентус, сепак клучен беше разговорот помеѓу Уругваецот и директорот Деко кој успеа да го предомисли. Неговиот претходен договор истекуваше во 2026 година, а една од причините поради која се одовлекувале преговорите биле неговите агенти кои не му ги доставувале понудите од клубот. Токму поради тоа Деко инсистираше да се сретне лично со Араухо за да го реши проблемот. Араухо, кој се врати на терените на почетокот на декември по долгата пауза поради повреда во јули, досега одигра само пет натпревари оваа сезона. Неговиот нов договор е во согласност со стратегијата на спортскиот директор на Барселона, Деко, кој неодамна изјави дека клубот приоритетно работи на обновување на договорите со клучните играчи.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.