Араухо на чекор од нов договор, познато како бил убеден да остане

January 15, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Араухо на чекор од нов договор, познато како бил убеден да остане

Барселона успеа да го предомисли Роналд Араухо да остане во клубот. Откако се повреди Иниго Мартинез, Барселона мораше да поразговара со Уругваецот за да го разубеди и успеа. Тој не само што се согласи да остане до крајот на сезоната, туку е и на чекор од нов договор. Сега, новинарот Матео Морето открива како спортскиот директор Деко успеал да го убеде Араухо да остане. Прво, му било пренесено дека клубот се бори за трофеи каде веќе освоија еден сезонава со победата на Реал во шпанскиот Суперкуп. Потоа, му била понудена солидна плата каде клубот финансиски полека заздравува. Последно и прилично важно е што Араухо побарал пониска откупна клаузула од онаа од една милијарда евра за да биде сигурен дека полесно ќе може во иднина да си замине ако клубот повторно влезе во финансиски проблеми или пак не функционира добро и не се бори за трофеи.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.