Арда Туран немаше храброст да ја погледне згодната новинарка во очи (ВИДЕО)

July 27, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Арда Туран немаше храброст да ја погледне згодната новинарка во очи (ВИДЕО)

Поранешниот фудбалер на Барселона и Атлетико Мадрид, а сега тренер на Шахтар Доњецк, Арда Туран, стана тема на социјалните мрежи по натпреварот со Бешикташ – не поради играта, туку поради однесувањето за време на интервју со украинската новинарка Дарја Бондар Савина. На видеото, кое стана вирално, се гледа како Туран избегнува да ја погледне новинарката во очи, што предизвика лавина коментари и шпекулации. Некои сметаат дека тоа е од почит кон неговата сопруга Аслихан Доан, додека други велат дека Турчинот е едноставно срамежлив. Интересно е што ова не е првпат – и минатата сезона на слично интервју со Бондар Савина, Туран се однесуваше идентично.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.