Аргентина и Бразил поразени во истото коло во дуелите за пласман на СП 2026 (ВИДЕО)

September 11, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Аргентина и Бразил поразени во истото коло во дуелите за пласман на СП 2026 (ВИДЕО)

Селекцијата на Колумбија ја совлада Аргентина со 2:1 во квалификациите за Светското првенство и сега се само два бода позади светскиот и континентален шампион. Прво поведе Колумбија од корнер каде стрелецот беше Москера на асистенција на Хамес Родригез. Аргентина се врати во игра преку Нико Гонзалес, а Родригез погоди од пенал за победа на домашните. Ова за Аргентинците беше само втор пораз во квалификациите, а воедно и вториот во сите натпреварувања за неполни две години што е неверојатно достигнување. Воедно, Бразил исто така беше поразен каде по осум одиграни натпревари во квалификациите за Светското првенство, имаат само 10 бодови. Бразил беше поразен од Парагвај во Асунсион – 1:0, а стрелец на единствениот гол беше 21-годишниот Диего Гомез во 20 минута.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.