March 22, 2025 | | Свет
Актуелниот светски шампион Аргентина извојува минимална победа од 1-0 против Уругвај во цврст и борбен натпревар со малку шанси. Дуелот беше типичен јужноамерикански судир, полн со тензија, но без многу прилики за постигнување голови. Иако Аргентина настапи без повредените Лионел Меси и Лаутаро Мартинез, сепак успеа да стигне до триумф. Клучниот момент на мечот се случи во 68. минута, кога Тијаго Алмада погоди и го донесе водството од 1-0, што на крајот се покажа како доволно за победа. Во следното коло од квалификациите за Светското првенство, Аргентина ќе го пречека Бразил на „Монументал“.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |