September 5, 2025 | | Свет
Актуелниот светски шампион Аргентина без поголеми проблеми ја совлада Венецуела со 3:0 во Буенос Аирес, во квалификациите за Светското првенство 2026. „Гаучосите“ и пред овој дуел имаа обезбедено пласман, а со победата само ја потврдија првата позиција. Натпреварот на стадионот „Монументал“ беше обоен со посебни емоции – според многумина, тоа беше последен настап најголемиот на сите времиња, Лионел Меси во дресот на Аргентина на домашен терен. Навивачите му приредија незаборавна атмосфера. Меси уште еднаш покажа зошто е лидер на оваа генерација. Во 39. минута ја отвори серијата голови, а во финишот на мечот повторно блесна со својот втор погодок. Меѓу двата гола на Меси, во 76. минута стрелец беше Лаутаро Мартинез. „Зборував со селекторот Скалони и одлучивме да одморам и да не патувам во Еквадор. Само што се вратив по повреда, сега сум добро, но не мора да ризикуваме. Важно е да бидам подготвен за следните предизвици,“ изјави Меси по натпреварот.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |