July 4, 2024 | | Свет
Аргентина се пласираше во четвртфиналето на Копа Америка каде ќе се сретне со Еквадор. Но, Аргентина има причина да биде загрижена бидејќи Лионел Мести е неизвесен за овој натпревар. Иако тој наводно инсистирал дека е спремен, Скалони има дилема дали да ризикува. Тој го пропушти последниот натпревар од групната фаза поради полесна повреда, а засега не е познато дали е во целост опоравен. Селектор размислува да го одмара за евентуалното полуфинале или ако Аргентина брка резултат. „Ќе почекаме неколку часа и ќе донесеме одлука врз основа на неговата состојба. Ќе се обидеме да го натераме да игра, но доколку тоа не се случи, ќе го бараме најдоброто решение за тимот. Денеска ќе разговарам со него. Мислам дека е фер тој да одвои време и да тренира колку што може“, изјави Скалони за „Ројтерс“. Натпреварот меѓу Аргентина и Еквадор ќе се одигра утре, 5 јули, во 3 часот по македонско време.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |