July 22, 2024 | | Свет
Очигледно новиот тренер на Ливерпул Арне Слот смета дека на тимот му треба освежување. Тој побарал Ливерпул да се обиде да го ангажира Таке Кубо, 23-годишниот играч на Реал Сосиедад. Ливерпул наводно сака да понуди 65 милиони евра, односно клубот е подготвен да плати пет милиони евра повеќе од осумата која стои како клаузула за откуп. Кубо во 2011 година пристигна во академијата на Барселона, Ла Масија, но подоцна Барселона доби казна од ФИФА бидејќи земале млади таленти од странство без нецелосни документи, па Кубо мораше да замине од Барселона. Подоцна, пресели во Реал Мадрид, но вистинска шанса не доби ниту таму. Реал го испраќаше на позајмици во Мајорка, Виљареал и Хетафе, а Реал Сосиедад реши да го откупи неговиот договор за 6,5 милиони евра во јули 2022. Неговиот трансфер се покажа одлично за клубот од Сан Себастијан. Тој прерасна во еден од водечките играчи каде на 85 натпревари постигна 16 гола и 14 асистенции, а неговата цена драстично се зголеми за само две сезони.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |