May 13, 2025 | | Свет
Фудбалскиот гениј и поранешен тренер на Арсенал, Арсен Венгер, ја отвори душата по драматичниот пресврт на Барселона против Реал Мадрид во последното Ел Класико. Французинот, денес дел од стручниот совет на ФИФА, не криеше дека е восхитен од прикажаната игра на Каталонците особено од начинот на кој се вратија во игра и како доминираа на теренот. „Видовте ли што направи Барселона? Ова беше повеќе од победа. Ова беше фудбалска поезија, три гола за 18 минути, тотален пресврт и моќна порака до сите ривали“, изјави Венгер. За Венгер, пресвртот не значи само бодови. Тој го нарекува „психолошки удар“ кој може да ја одлучи трката за титула. „Седум поени предност не е само бројка, тоа е сигнал. Барса излезе со желба да ја фасцинира публиката, да игра уметнички, напаѓачки, со стил. Ова е екипа што носи насмевка на лицата на навивачите и ги тера да заборават дури и болни моменти како оној со Интер.“ Посебно внимание Венгер посвети на Ламине Јамал, младото фудбалско чудо за кое вели дека веќе е еден од најголемите. „Ламине Јамал? Без сомнение, за мене тој е главен фаворит за Златната топка. Тој не игра како дете, туку како маестро. Ако продолжи вака, светот ќе гледа уште една каталонска ера во модерниот фудбал.“ Французинот заврши со пофалби за тимската хемија, која, според него, станува се поретка во современиот фудбал. „Ова е тим со душа, со срце, со хармонија, нешто што како тренер го бараш цела кариера. Барселона покажува дека фудбалот не е само резултат, туку и емоција, естетика и страст.“
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |