December 23, 2024 | | Свет
Арсенал го обезбеди првото засилување за зимскиот преоден рок, а станува збор за новото фудбалско чудо на Лас Палмас, Алберто Молеиро, пренесува „Fichajes“. Тој привлече внимание со своите настапи, а многумина го споредуваат со легендарниот Андрес Иниеста по стилот на играта. Молеиро го краси одличната креативност, визија и дриблинг, што го прави вистинско богатство за секој тим. Арсенал ја активира откупната клаузула на Молеиро, која изнесува 60 милиони евра, а трансферот ќе се реализира во наредните месеци. Молеиро, кој оваа сезона постигна четири гола на 17 одиграни натпревари, ќе биде значајно засилување за средината на „топџиите“. Во својата досегашна кариера има 128 натпревари, 11 постигнати голови и 13 асистенции. Тој може да игра и како централен играч за врска и на позицијата на крилен напаѓач. Покрај него, клубот продолжува да се поврзува со други напаѓачи, како што се Адемола Лукман од Аталанта и Маркус Рашфорд од Манчестер Јунајтед, кој се наоѓа на излезната врата.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |