March 4, 2025 | | Свет
Арсенал обезбеди пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите, откако го декласира ПСВ Ајндховен на гостински терен со неверојатни 1-7 (1-3). Реваншот во Лондон е за осум дена, а само сензација може да го спречи англискиот тим да биде меѓу најдобрите осум во Европа. Рајс испрати одличен центаршут од левата страна, а Тимбер најдобро се снајде во скокот и со удар на прва статива го шокира домаќинот за 0-1. Шокот за ПСВ продолжи само три минути подоцна. Итан Нванери, 17-годишниот талент, погоди по асистенција на Луис Скели, кој во 24. минута доби жолт картон поради груб старт. Артета не сакаше да ризикува и веднаш го замени со Калафиори. Арсенал продолжи со доминацијата, а во 30. минута и Мерино се запиша во листата на стрелците за огромни 0-3. ПСВ, кој неодамна го доживеа првиот домашен пораз по повеќе од две години, не се предаде, па во 43. минута Парти направи наивен прекршок врз Де Јонг во шеснаесетникот. Ланг успешно реализираше пенал и го намали резултатот на 1-3. Наместо ова да биде мотив за ПСВ, Арсенал веднаш по паузата повторно удри. Во 47. минута капитенот Одегард зголеми на 1-4, а веќе во следната минута Тросард ја искористи лошата реакција на одбраната за 1-5. Гостите не застанаа тука. Одегард во 73. минута постигна спектакуларен гол за 1-6, а конечните 1-7 ги постави Калафиори во 85. минута. Така, ПСВ за само седум дена двапати ги разочара своите навивачи, откако претходно немаше домашен пораз 873 дена.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |