Арсенал го скрши отпорот на Билбао и ја започна ЛШ со победа (ВИДЕО)

September 16, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Арсенал го скрши отпорот на Билбао и ја започна ЛШ со победа (ВИДЕО)

Тимот на Микел Артета успеа да слави со 0-2 на незгодното гостување во Шпанија кај Атлетик Билбао во рамките на првото коло во лигашката фаза на Лигата на шампионите. Првото полувреме беше прилично тивко и без многу конкретни шанси. Сепак, во вториот дел гостите во 72. минута го отворија резултатот преку Мартинели кој помина само една минута на терен, па веднаш успеа да постигне гол.

Потврдата за победата дојде во 87. минута кога Тросар стрелаше за 0-2 на асистенција на Мартинели.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.