Арсенал испратил понуда за дефанзивецот што го споредуваат со Малдини

July 3, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Арсенал испратил понуда за дефанзивецот што го споредуваат со Малдини

Според информациите на „Corriere dello Sport“, Арсенал испратил понуда за играчот кој го нарекуваат „новиот Малдини“, Рикардо Калафиори. Одигра одлично Европско првенство за Италија, но беше казнет за осминафиналето со Швајцарија и неговиот тим загуби. Наводно, Арсенал испратил понуда до Болоња од околу 47 милиони евра за неговиот потпис. Болоња одбиваат под 50 милиони евра, така што разликата не е голема и веројатно е дека „топџиите“ ќе достават и нова понуда. Во борбата за овој играч е вклучен и Челзи, па допрва ќе видиме каде ќе заврши дефанзивецот. Неговиот тим Болоња преферира да го продаде надвор од Италија. Договорот му трае до 2027 година, а според Transfermarkt тој вреди 30 милиони евра.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.