Арсенал испушти предност од два гола, одигра реми со Астон Вила (ВИДЕО)

January 18, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Арсенал испушти предност од два гола, одигра реми со Астон Вила (ВИДЕО)

Арсенал направи уште еден чекор назад во трката за титулата, одигрувајќи само 2-2 против Астон Вила на „Емирати“. Иако тимот на Микел Артета имаше предност од 2-0, на крајот мораше да се задоволи со реми. Габриел Мартинели го отвори резултатот во 35. минута, а Каи Хаверц го зголеми водството на 2-0 во 55. минута. Сепак, Астон Вила не се предаде. Јури Тилеманс со удар со глава го намали резултатот во 60. минута, а само осум минути подоцна, Оли Воткинс израмни на 2-2. Во последните минути, Арсенал напаѓаше и постигна гол, но истиот не беше признат поради игра со рака на Каи Хаверц. Дополнително, Мерино ја погоди дирекот, оставајќи ги „топчиите“ без посакуваните три бода.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.