August 24, 2024 | | Свет
Арсенал успеа да ја совлада Астон Вила на гостински терен со резултат од 2-0 и по првите две кола имаат две победи со постигнати четири гола и без ниту еден примен гол. „Топџиите“ ѝ „вратија“ на Вила за двата пораза минатата сезона каде особено беше оној пораз на домашен терен во клучните моменти од сезоната. Головите ги постигнаа Тросар и Парти. Белгиецот успеа да постигне гол две минути по влегувањето на теренот, а прекрасно погоди Томас Парти на асистенција на Сака за потврда на победата. Неверојатна асистенција имаше Давид Раја кој ја имаше одбраната на сезоната во 52. минута. Шпанецот успеа да одбрани топка на гол-линија од втор обид, а покрај добрата игра со нога која ја има шпанскиот голман, воедно и вакви одбрани се очекуваат од него. Арсенал во следното коло игра против Брајтон, а Астон Вила гостува кај Лестер Сити.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |