Арсенал ја прекина лошата серија со победата над Нотингем Форест (ВИДЕО)

November 23, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Арсенал ја прекина лошата серија со победата над Нотингем Форест (ВИДЕО)

Арсенал стави крај на црната серија без победа во Премиер лигата каде немаа триумф на последните четири натпревари, а денеска падна Нотингем Форест со резултат 3-0. Домаќините поведоа со голот на Букајо Сака во 15. минута, а во второто полувреме стрелаа и Парти и Нванвери. Астон Вила одигра 2-2 против Кристал Палас, а Брајтон славеше со 1-2 на гости кај Борнмут. Вулверхемптон беше убедлив на гости против Фулам и победи со 1-4. Евертон и Брентфорд одиграа без голови.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.