Арсенал ќе ја направи најголемата продажба во својата историја!

July 27, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Арсенал ќе ја направи најголемата продажба во својата историја!

Емил Смит Роу е на чекор од заминување од Арсенал, а станува збор за еден од најголемите таленти на Арсенал кој поради повреди не се изнаигра кај Артета кој очигледно не е спремен да му даде нова шанса за да се докаже. Па така, тој е на чекор од трансфер во другиот тим од Лондон, во Фулам. Арсенала прво ја одби понудата од 30 милиони фунти, а Фулам испрати подобра понуда од 35 милиони фунти па така трансферот е на чекор од реализација. Ова значи дека оваа продажба ќе биде најголемата продажба во историјата на Арсенал. И овој рекорд уште ова лето може да се сруши ако Нкетија биде продаден за сума од над 40 милиони фунти.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.