Арсенал ќе мора домашните мечеви да ги игра на „Вембли“?

October 7, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Арсенал ќе мора домашните мечеви да ги игра на „Вембли“?

Арсенал започна интерни разговори за можно проширување на капацитетот на својот стадион „Емирати“, пренесува „Би-Би-Си“. Разговорите се во рана фаза, а засега не постои конкретен план како би изгледал проектот. Една од опциите што се разгледува е клубот привремено да ги игра домашните натпревари на „Вембли“ додека траат градежните работи. Следната година се навршуваат 20 години од заминувањето на легендарниот „Хајбери“ и преселбата на „Емирати“, па клубот сака преку реконструкција и нов распоред на седиштата да добие неколку илјади дополнителни места. Во моментов, капацитетот на „Емирати“ изнесува 60.704 гледачи, што го прави петтиот по големина стадион во Англија.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.